Емери потврди дека го напушта ПСЖ

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Унаи Емери потврди дека ќе го напушти Пари Сен Жермен по крајот на сезоната.

Шпанскиот специјалист ја објави веста на денешната прес-конференција пред неделниот меч на Парижани со Гинган.

Емери потврди дека имал средба со претседателот на клубот, Насер Ал-Келаифи и двајцата донеле одлуката да ја прекинат заедничката работа.

Емери го презеде ПСЖ летото 2016 година со очекувања тој да донесе меѓународни успеси на тимот од „Парк де Пренс“, слични на оние, кои ги постигна со неговиот поранешен тим, Севиља.

– Им соопштив на играчите, спортскиот директор Антеро Енрике и претседателот Насер Ал-Келаифи дека е готово. Ви благодарам на сите. Сè што останува пред нас е да го освоиме Купот на Франција, рече денеска Емери

Слични содржини