Емери прокоментира дали Нејмар ќе игра против Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Унаи Емери верува дека повредата на ѕвездата Нејмар не е сериозна. Синоќа Бразилецот беше повреден во победата над Марсеј (3:0) и го напушти теренот на носилка. Тој го повреди глуждот и не ги воздржа солзите, а прашањето што ги возбудува сите, е дали ќе биде спремен за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

„Можно е Нејмар да игра против Реал“, објави Емери на пресконференцијата по дербито на „Парк де Пренс“.

Капитенот Тиаго Силва не беше толку оптимист.

„Штом се случи ова, ми стана јасно дека е сериозно“, рече дефанзивецот.

Почетните истражувања потврдија дека не постои фрактура. Денес Нејмар ќе помине дополнителни испитувања на ултразвук.

Засега е сигурно само дека Бразилецот ќе го пропушти полуфиналето за Лига Купот во Франција, во кој ривал на ПСЖ повторно ќе биде Олимпик Марсеј.

Реваншот со Реал е на 6 март, а ПСЖ го загубија првиот натпревар со 1: 3.

Слични содржини