Пред неколку дена, американската манекенка, Емили Ратајковски (29) на Инстаграм ја објави веста дека роди син, кого го нарече Силвестер Аполо, а сега се пофали со фотографии од раѓањето.
Таа објави колаж со фотографии, па напиша: „Помеѓу породувањето и првите моменти со Слаj. Живот!“ напиша Емили на Инстаграм во опис на фотографии од болницата со своето прво дете.
„Силвестер Аполо Бер ни се придружи на земјата. Слај пристигна на 8 март 2021 година, на најубавото утро во мојот живот“, напиша манекенката пред неколку дена со заедничка фотографија со нејзиниот син како го дои во голо издание.
Следеа честитки, но според мислењето на некои обожаватели, не е во ред што трогателните моменти паднаа во втор план, поради масовните коментари за нејзиниот изглед за време и по породувањето.
„Не е тоа поентата, зошто треба да коментирате како изгледа сега?“, праша една девојка.
Патем, Силвестер е машко име кое потекнува од латинскиот збор „silvestris“ што значи шума, планински човек, во некои земји „Силвестер“ е исто така име за новогодишната ноќ.
– Кога сопругот и јас ќе им кажеме на нашите пријатели дека сум бремена, првото прашање после: „Честитки“ е скоро секогаш: „Дали знаете што сакате?“. Ние сакаме да одговориме дека нема да го знаеме полот се додека нашето дете не наполни 18 години и дека тогаш ќе не извести за тоа – напиша Емили.
Да потсетиме, манекенката често позираше целосно гола за време на бременоста, како и досега, поради што многумина ја критикуваа, но како и секогаш, не обрна внимание на тоа.
Емили е во брак со продуцентот Себастијан Бер Меклард од 2018 година и не му пречат нејзините разголени фотографии.