Емили Ратајковски е бремена со своето прво дете

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката Емили Ратајковски објави дека е бремена со своето прво дете.

29-годишната Емили ја објави веста преку списанието Вог, каде што се појави на насловната страница.

Објавувајќи ја насловната страница на својот Инстаграм, таа напиша: „Благодарам на @voguemagazine за оваа многу специјална насловна страница”.

Пишувајќи во списанието, Ратајковски изјави дека таа и сопругот Себастијан Беар-Меклард не сакаат да го откријат полот на нивното неродено бебе.

Таа рече: „Која ќе биде оваа личност? На каква личност ќе станеме родители? Како ќе ги промени нашите животи и нас самите? Ова е прекрасен и застрашувачки концепт, кој не прави и беспомошни и благодарни.

Слични содржини