Емили Ратајковски ја поткрепува својата позиција за женската сексуалност со гола прошетка

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Разголените  фотосесии се омилена тема на моделот Емили Ратајковски.
Девојката стана позната откако се снимаше гола во музичко видео на Робин Тик за песната Blurred lines. Пред една година Емили позираше и за годишното издание со полуоблечени дами Sports Illustrated Swimsuit, а сега се соблече за рекламната кампања на колекцијата за долна облека DKNY.

Примамливите слики се придружени од видео во кое Ратајковски излегува да прошета куче по улиците на Њујорк и ги воодушевува со својот изглед сите – од соседот и електротехничарот до ексцентричната старица и таксистите.

elle.ua потсетува дека минатата година Емили Ратајковски напиша есеј во кое ги сподели своите погледи за женската сексуалност: “Поради некоја причина се смета дека да бидеш секси значи да им угодуваш на машките желби. За мене сексуалноста е форма на убавината, на самоизразувањето, на нешто што треба да предизвикува восхит, нешто вистински женско “.

Таа ја поддржа и Ким Кардашијан, кога беше изложена на напади во мрежата заради свое “голо” селфи.