Таа е една од најпознатите личности во светот на модата, прославувајќи се истовремено, како во модната индустрија, така и на филмските екрани.
Упатувајќи се кон аеродромот со нејзиниот дечко Џеф Меџид, 25- годишниот модел изгледаше како пејачка на некоја рок група со нејзината необична тексас јакна, фармерки и чизми.
Двојката изгледаше подготвена за подолго патување во странство, како што ги тркалаше нивните големи куфери, чекајќи ја лимузината пред хотелот во Лос Анџелес.
Изгледа на Емили не и пречеше луѓето да ја дознаат нејзината дестинација, напишана на нејзината јакна со огромна налепница(Fashion tour), а под неа извезени имињата на градовите на модните недели од овој месец.
Наводно упатена на сопствена турнеа низ Милано и Париз во претстојните недели, моделот изгледаше кул со црни заоблени наочари и нејзиното рок костимче.
Таа ја комплетираше тексас јакната, со обична црна маичка, тесни темносини фармерки и црни каубојски чизми до глужд.
По завршетокот на нејзиниот одмор во Грција, претходно месецов, Емили кратко се врати во Лос Анџелес за да присуствува на Еми- наградите каде што воодушеви на црвениот тепих, во гламурозна морнарско-сина тоалета.