Турската заедница, нема да признае бројка помалку од 7% по завршуваше на пописот и објавувањето на резултатите. Ова го кажа Емин Хусрев од координативното тело за попис на Турците, за емисијата Стадион.
-Според анализите направени во март годинава и кои што се базираат на сознанија од терен, анализи, анкети направени од НВО, според избирачкиот список и анализите на Светска банка, анализи на ДЗС во врска со процентот на наталитетот на Турците, ние како заедница тогаш усвоивме декларација во која меѓу другото потенциравме дека нашата зеедница не може да биде помалку од 7 % и не признаваме бројка помала од овој процент, рече во емисијата Стадион, Хусрев.
Според директорот на ДЗС, Апостол Сомовски, во врска со бројката која што ја очекува турската заедница треба пописот да се остави да заврши и да се видат резултатите.