Емирот на Катар лично ја презел задачата да го убеди познатиот француски стручњак Зинедин Зидан да го преземе Пари Сен Жермен, информира новинарот Фабрис Хокинс.
Тамим бин Хамад Ал Тани е лично посветен на целта, но засега Зидан „не се дава“.
Една од причините е идниот спортски директор Луис Кампос, со кого Зидан можеби нема да се „вклопи“.
Зизу е без работа откако го напушти Реал Мадрид по извонредните достигнувања.