Емотивен говор на „Маршот на ангелите“: „Фраерот Коцевски и шизикот Тошковски се највиновни“

од Nikola Popovski
779 прегледи

„Дали овој фраер тука – т.н. јавен обвинител само по партиски потреби презема активности. Не убедуваа дека правеле криминали и дека неправилно работеле сите. Исто така и шизикот Тошковски – двајцата се највиновни за оваа работа. Дали после толку убедувања за криминали за да седнат на власт и дека неправилно работеле тогашните институции направија ревизија на нивните претходници. Дали е некој затворен? Дали најголемиот криминалец Зоран Заев е затворен? Не е. Најдобар бизнисмен е. Дали Крсто Мукоски е затворен? Не е“, рече денеска еден од членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека на протестниот „Марш на ангелите“ во Скопје, со кој се бара одговорност за една од најголемите трагедии во Македонија.

Од пред зградата на Јавното обвинителство порачаа дека по ниту еден допрен глас не излегле досега. Побараа од обвинителите да излезат од зградата и да не ги манипулираат дел од родителите за да го контаминираат маршот.

-Дојдовме со душа и срце. Не сме вооружени. Не се плашете. Ни убивте се, но, ќе ве стигнеме ние. Џабе ви се 400 илјади евра за анкети за рејтинг на ден пред погребот на децата. Сите да си дадете оставка и да ги напуштите узурпираните институции, рече Владимир Апостолов од Кочани и се извини за тешките зборови што ги изговори.

Излегоа со список кој се треба да биде уапсен за трагедијата во Кочани и кој се смета за највиновен.

-Господинот (Љупчо) Коцевски кој ќе го апси него? Пред него бил Љубомир Јовевски, Марко Зврлевски…Дали се уапсени? Панче Тошковски не убедуваше дека имало големи криминали…Дали се приведени началниците што се поставени и се директно одговорни? Пред него беше Оливер Спасовски, дали е приведен? Дали се приведени Наќе Чулев, Агим Нухиу, Гордана Јанкуловска, Оливер Андонов…, кажа Апостолов и ги наброја сите претходни и актуелни функционери од Министерството за економија и ДПИ кои ги предводеле институците, а не се уапсени.

Тој на маршот побара и АРМ и сите чесни војници и генерали под итно да ја преземат власта и да спроведат експертска влада со луѓе и интелектуалци од сите фели.

Слични содржини