Емотивни и толерантни: Хороскопски знаци кои можат да простат и неверство

од Maja Serafimova
347 прегледи

Неверството можеби е забавно за оние кои го прават, но за изневерената страна не е баш така. Сепак, сите не сме исти – додека некои луѓе се откажуваат од своите партнери веднаш штом ќе дознаат дека се изневерени, други ја надминуваат измамата и ќе направат да изгледа како ништо да не се случило. Затоа, ако сте склони кон неверство, побарајте ја вашата двојка меѓу овие хороскопски знаци, бидејќи можеби ќе можете да ги убедите дека не е така како што мислат и да ви простат.

Близнаци

Близнаците се познати по својата варијабилност во стабилноста. Тие ќе му кажат на лицето што ги изневерило дека им е простено, но истата личност ќе мора да се прашува дали е тоа точно или не. Можеби Близнаците навистина ќе простат тогаш, можеби за неколку дена или месеци, а можеби и никогаш нема, но таа личност им е премногу драга па нема да ја пуштат да си оди така лесно. Интересно е што луѓето родени во овој знак можат да зборуваат за неверството и по неколку часа, додека од друга страна тие можат да го надминат тоа само за неколку секунди и да делуваат како ништо да не се случило. Тие се тотално непредвидливи.

Рак

Раковите се познати како чувствителни и емотивни луѓе кои бргу се врзуваат. Добрината што ја имаат во душата ќе го прости неверството на драгата личност, но само ако таа навистина се покае и покаже колку и е жал за стореното. Ракот ќе се обиде да разбере зошто некој воопшто имал желба за тоа, па долгите разговори на таа тема ви се загарантирани. Но, ако му дадете силни аргументи зошто некогаш сте посакале да го замените со друг\а, тој ќе си „легне” на брашното.

Вага

Вагите најмногу од се го сакаат мирот, и ќе сторат се за работите и ситуациите околу нив да бидат такви. Затоа тие лесно простуваат измама и неверство на партнерот. Но, за да можат Вагите да го надминат тоа, тие прво треба да разберат зошто партнерот направил така. Тогаш тие се подготвени да продолжат понатаму. Заради општата благосостојба и огромната желба да си ја зачуваат нивната љубов, Вагите можат да се прават како ништо да не се случило.

Водолија

Водолијата, како Вагата, е еден од воздушните знаци што го сакаат мирот. Таа е полна со разбирање и знае дека е човечки да се греши, па простувањето е само добра и вистинската постапка што смета дека треба да ја направи. Иако можеби нема веднаш да прости неверство, на Водолијата и е битно да ја знае причината за неверството и да и се даде добро објаснување. Ова не значи дека Водолијата ќе престане да мисли дека не била доволно добра за својот партнер бидејќи се појавила и трета личност во играта, но сепак е голем човек со уште поголемо срце.

Риби

Рибите се големи емотивци на кои љубовта им е се. Да не простуваат, константно би биле под притисок и би имале чувство на тежина, па ова е една од поголемите причини зошто Рибите простуваат. На нив тешко им паѓа неверството, но со добро објаснување, простувањето е единствено добро решение. Романтичната и бајковита приказна која Рибите ја имаат за љубовта е онаа што нивниот партнер го спасува од хаосот кој евентуално тие би можеле да го направат.