Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на планетата, покажа дека не го заборави Коби Брајант, легендата на Лос Анџелес Лејкерс.
Брајант е роден на 23 август 1978 година во Филаделфија, а на денот кога славната „мамба“ требаше да наполни 43 години, Ноле ја искористи можноста да му испрати порака преку Твитер.
Новак беше краток, не премногу долг, но и тие неколку зборови беа доволни:
„Среќен роденден, Коби. Ми недостигаш, брате“, напиша Ѓоковиќ со слика на змија и жолто и виолетово срце, кои се боите на Лејкерс, и хаштагот „Мамба засекогаш“.
Потсетуваме, Брајант почина на 26 јануари 2020 година, кога хеликоптерот во кој се наоѓаше со уште осум лица се урна во близина на градот Калабасас во Калифорнија.
Покрај Брајант, загина и неговата ќерка Џана.
Ѓоковиќ и Брајант беа одлични пријатели, а Новак го нарече ментор во интервју два дена пред Брајант да го загуби животот:
„Коби беше еден од моите ментори – не знам дали можам да го кажам тоа – но имавме неколку телефонски разговори и разговаравме секогаш кога се гледавме“, откри Новак.
Happy birthday, Kobe. Miss you brother 🐍💛💜 #MambaForever
— Novak Djokovic (@DjokerNole) August 23, 2021