ЕМОТИВНО ВИДЕО: Украинки во солзи ја дочекаа слободата

од Stefanija Kuzmanovska
253 прегледи

Москва и Киев извршија една од најголемите размени на затвореници од почетокот на конфликтот, разменија 218 затвореници, меѓу кои 108 Украинки, соопштија официјални лица од двете страни.

Украинскиот официјален претставник Андриј Јермак изјави дека меѓу ослободените жени има 12 цивили.

„Ова е прва потполна размена на жени“, вели Јермак во пораката објавена на Телеграм.

Според него, 37 жени биле заробени кога руските сили ја зазеле фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол во мај.

Претходно руските власти објавија дека Киев ослободиле 80 припадници на цивилната морнарица и 30 војници.

На снимката се гледаат жени со солзи во очите како се враќаат дома во Украина по неколку месеци поминати во затвор во Русија.

Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека некои од жените биле во затвор од 2019 година, откако биле приведени од промосковските власти.

Руското министерство за одбрана соопшти дека се ослободени 110 Руси, вклучително и 72 цивилни морнари кои беа заробени од февруари.

Слични содржини