Во размена на заробени војници меѓу Русија и Украина, 206 војници се вратија во својата земја.
Руското министерство за одбрана во понеделникот објави дека 106 руски војници се ослободени по договорената размена на војници со Украина.
Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави дека Русија ослободила 100 украински затвореници и дека размената не била лесна.
Украинскиот координативен штаб за справување со воени заробеници соопшти дека од 100 вратени војници, 80 се мажи, а 20 се жени, пренесува „Асошиејтед прес“.
„Речиси половина од вратените војници се со тешки повреди, болести или биле мачени“, наведуваат тие.
Ослободените Руси со воено-транспортни авиони се префрлени во Москва на рехабилитација за да го добијат потребниот третман, соопшти министерството за одбрана.
Ваквите размени се една од ретките соработки меѓу Украина и Русија. Првата размена на затвореници се случи во февруари минатата година.
На видеото се гледа како еден од затворениците ѝ се јавува на мајка си по враќањето во татковината. Штом го слушнал гласот на мајка си, војникот се расплакал и не можел да ги задржи емоциите.
First conversation with mom after returning from Russian captivity!
100 Defenders returned to Ukraine in a prisoner swap today.
📹: Ombudsman of Ukraine pic.twitter.com/d5U8whUEGa
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 10, 2023