434
Легендата на Барселона, Чави Ернандез ќе ја преземе жешката клупа на клубот кој е во голема резултатска и финансиска криза.
Прославениот шпански фудбалер долго време беше желба на навивачите на каталонскиот гигант, а сега конечно ќе стане тренер на „Блауграна“. Чави е тренер на катарскиот Ал Сад од 2019 година, а денеска се прости од играчите.
Тоа било емотивно збогување, а Чави дури и заплакал, како што може да се види од фотографиите.
Confirmed. Here Xavi’s farewell with Al-Sadd players and staff as he’s leaving the club to become new Barcelona manager. 🛩🇪🇸 #FCB #Xavi pic.twitter.com/Q4SGBQhID5
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 5, 2021