Емоциите ја совладаа: Прв настап на Деми Ловато по предозирањето и рехабилитацијата (ВИДЕО)

од Elena Daskalova
356 прегледи

На вчерашното доделување на Греми наградите, по трибјутот за Коби Брајант, најемотивен момент беше излегувањето на сцената на Деми Ловато.

Пред две години таа едвај се спаси, за малку ќе умреше од предозирање и ситуацијата беше критична и неколку месеци по настанот. На големата сцена ја изведе песната „Anyone“ која ја напишала само четири дена откако била на самиот раб на смртта.

Таа почна да пее, но емоциите ја совладаа, па мораше да застане и да почне одново. Ова е нејзин прв настап по предозирањето и рехабилитацијата. Таа преговара да ја пее химната на Супербол во Мајами.

https://youtu.be/Glo6mbDWLd4

Слични содржини