Без да има проблем со алкохолот, Ен Хатавеј успеа да ја направи оваа тема во толку голема, што
сите почнаа да се прашуваат дали навистина имало сериозна драма во нејзиниот живот.

Претходно, актерката рече дека престанала да пие потполно алкохол. Таа дури и не си дозволувала
ни голтка. Зошто? Сега самата хатавеј одлучи да ни објасни.
„Проблемот е, навистина сакам да пијам со пријатели, но тогаш секогаш страдам од ужасен
мамурлак. Мојот последен таков траеше пет дена. Но, јас го заслужив, бидејќи пред тоа цел ден
пиев со пријателите, а бевме на роденденска забава. А јас не сум од оние луѓе кои можат да пијат
една чаша вино цела ноќ“.
„Значи, не запрев со алкохолот, зошто имам проблеми со пиењето, туку поради начинот на кој што
пијам, води кон брутален мамурлак. Не сум во форма со денови. Откако се роди син ми, сфатив
дека не можам да си дозволам толку многу часови и денови, во кои не можам да му обрнам
внимание, бидејќи ме боли главата и не сум во состојба. Токму сега сум во таква фаза од мојот
живот кога немам време за мамурлак. Не можам да си го дозволам тоа“, рече 36-годишната
актерка.