Енди Мареј ја објави лошата вест

од Симе Стоиков
324 прегледи

Британскиот тенисер Енди Мареј поради повреда на скочниот зглоб ќе ги пропушти претстојните турнири во Монте Карло и Минхен.

Мареј ги скина лигаментите на глуждот во неделата на Мастерсот во Мајами и тогаш изјави дека ќе паузира подолг временски период.

„Во оваа фаза сè уште не е јасно колку долго Енди ќе паузира и тој продолжува да ги разгледува своите опции со лекарскиот тим. Ова е многу разочарувачка вест за Енди кој ја изрази својата желба да се врати на теренот што е можно поскоро“, соопштија од неговиот тим

Мареј го повреди скочниот зглоб при приближувањето до мрежата во финалниот меч против Чехот Томаш Махач. Тој го загуби тој натпревар. Резултатот во сетови беше 5:7, 7:5, 7:6.

Мастерсот во Монте Карло започнува на 7 април, а веднаш потоа ќе се одржи турнирот во Минхен.

Слични содржини