Енди Мареј се повлече од Вимблдон

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Енди Мареј, двократниот шампион на Вимблдон, се повлече од најпрестижниот турнир во светот.

Поранешниот светски рекет број 1 ја соопшти оваа вест непосредно пред првиот осминафинален натпревар во кој требаше да се соочи со Чех Махач. Наместо него, како „среќен губитник“ во главната ждрепка влезе Давид Гофан.

Британецот пред десетина дена имаше операција на грбот, чекаше до последен момент и реши да се повлече.

Енди сепак ќе се натпреварува во двојки, заедно со неговиот брат Џејми.

Мареј ја освои титулата на терените на „Ол Ингланд клубот“ во 2013 и 2016 година.

Слични содржини