„Една многу важна социјалдемократска мерка ќе биде враќањето на сопственост на енергетските компании во рацете на граѓаните. Нов модел на сопственост и управување. Предвидуваме државните енергетски компании да се распределат подеднакво на сите граѓани во државата. Така ќе го зголемиме капиталот на граѓаните, но и ќе им овозможиме директна контрола во работењето на енергетските компании“, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање по повод промоција на Програма за европска иднина и кандидати за пратеници на избори 2024 година.
Тој додаде дека СДСМ продолжува со борба против енергетската сиромаштија и најави поголема поддршка за ранливите категории граѓани преку нови финансиски и нефинансиски мерки.
„Најавуваме и забрана за нови енергетски капацитети на фосилни горива, освен на гас“, заклучи Ковачевски во своето обраќање.