Енормно зголемен бројот на пациенти во детската болница „Козле“

од Stefanija Kuzmanovska
214 прегледи

Скоро исполнет капацитетот во детската болница Козле и тоа најчесто со деца до четиригодишна возраст, пренесува ТВ21.

„Приливот на пациенти енормно расте. Над 100 е бројката кои доаѓаат на преглед само на дежурство. Сабота и недела е зголемен бројот. Од понеделник до петок не ги рачунаме. Зголемен е бројот. Момнетално лежат 86 мајки и деца заедно. Кашлање, пораст на температура, секреција од нос ова се симптомите со кои најчесто доаѓаат децата во болницата во Козле. Во вечерните часови се активираат ларингити, сува кашлица во народот позната како кучешко лаење. Кашлицата почнува обично кај 23 часот, па до раните утрински часови“, вели педијатарот д-р Драган Дачевски за телевизијата.

Според докторот, сега кај децата доминира пенвмонија.

„Поголемото дружење на родителите, особено кога е вака убаво времето, групација има и на деца и на родители. Треба да внимаваат со кого се дружат, да не бидат тоа деца кои поткашлуваат на кои им тече носот, бидејќи родителите тоа некогаш го сфаќаат како нормалнмо. Има промена на температирите, штом ќе зајде сонцето е ладно. Наутро за во училште и градинка треба да бидат топло облечени“, додава тој.

Слични содржини