Луис Енрике е подготвен да го преземе Челзи, иако ќе добие пониска плата отколку што ја доби во Барселона. Тој земаше 16,5 милиони фунти годишно во Барселона, што е 300 илјади фунти неделно, тврди британски „Telegraph“.
Имено Енрике се смета за фаворит за местото на Антонио Конте, кој најверојатно нема да го продолжи договорот. Неговиот сегашен договор е до крајот на јуни следната година. Антонио Конте има проблеми со раководството и играчите на „сините“ во последно време и според медиумите на Островот, тој ќе биде отпуштен најдоцна по крајот на сезоната.
Италијанецот е најдобро платен менаџер во историјата на Челзи, земајќи 6,5 милиони фунти во првата сезона, а по освојувањето на Премиер лигата, неговиот надомест се зголеми на 9,5 милиони фунти.