Енрике Иглесијас го објавува својот последен албум: „Сигурен сум дека нема да снимам повеќе“

од Stefanija Kuzmanovska

Шпанскиот пејач Енрике Иглесијас растажи многу свои обожаватели кога објави дека неговиот претстоен албум ќе биде негов последен.

Иглесијас уште во 2021 година најави дека планира да издаде само уште еден албум, а на почетокот на 2024 година тоа и ќе се случи, пренесува „Њу Телеграф“.

Албумот ќе се вика „Final (Vol 2)“ и ќе излезе во февруари.

„Завршен е. Всушност, излегува во февруари. Работев на овој албум долги години и за мене секогаш беше тоа што го најавував, мојот последен албум… тоа е тоа. Сигурен сум дека нема да снимам повеќе албуми“, изјавил Енрике.

Сепак, како што истакна, тоа не значи крај на неговата кариера и ќе продолжи да издава синглови и да прави „други проекти, но не и албуми“.

Слични содржини