317
Селекторот на Шпанија, Луис Енрике беше прашан кој ќе триумфира во финалето на Лигата на шампионите, каде ривали се Реал Мадрид и Ливерпул. Натпреварот е в сабота во Париз.
„Што и да одговорам, ќе има незадоволни. Подобро е да се молчи за сите да бидат мирни. А сепак, да бидам искрен, Реал заслужува да победи“, изјави Енрике.
Во својата кариера, Енрике играше и за Реал и за Барселона, но важи за далеку поголем навивач на Каталонците, бидејќи беше и нивни тренер.