Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, денес изјави дека е незадоволен од состојбата на терените што се користат за натпреварите од Светското клупско првенство, објавија денес американските медиуми.
Фудбалерите на ПСЖ го победија Сиетл Саундерс со 2-0 во понеделник во третото коло од Групата Б и обезбедија место во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Лумен Филд“ во Сиетл.
„Сакам да нагласам дека, иако победивме, состојбата на терените на Светското првенство е под нивото потребно за играње фудбал. Терените овде се далеку зад оние во Европа во однос на квалитетот. Топката отскокнува на нив како зајак. Сега игравме на терен што претходно беше вештачки, но сега е природен. Ова значи дека мора рачно да се наводнува и да се суши за десет минути“, рече Енрике.