Еден од фаворитите на Челзи кој ќе да го замени Антонио Конте на чело на тимот, Луис Енрике, не може да се смета за варијанта пред крајот на сезоната.
Според онлајн изданието Goal.com, шпанскиот специјалист нема намера да преземе тим во средината на сезоната, со оглед на тоа дека тој ниту ја водел подготовката, ниту го селектирал тимот.
Така, во пракса, ако во следните денови Конте биде разрешен, тогаш Енрике ќе одбие понуда за да ја спаси ситуацијата во лондонскиот тим.
Како што е познато, иднината на италијанскиот менаџер е под сериозно прашање.
Некои букмејкери во Велика Британија престанаа да прифаќаат облози за негово разрешување, а медиумите се цврсти во мислењето дека то е пред отказ, во однос на начинот на кој дејствува Роман Абрамович.
При нов лош резултат, италијанецот веројатно ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Засега индикациите се дека нема да биде отпуштен пред завршувањето на двобојот во ЛШ против Барселона.