Енрике: „Од мојот прв ден во ПСЖ, целта беше да напишам историја“

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека неговиот тим заслужува да биде во финалето на Лигата на шампионите.

Парижаните го добија и реваншот против Арсенал со 2:1 и се пласираа во натпреварот за трофејот со вкупен резултат од 3:1.

„На мојот прв ден во ПСЖ реков дека мојата цел е да напишам историја за клубот. Вечерва е одлично. Ова е можност да им се заблагодариме на нашите навивачи за целата поддршка што ни ја дадоа. Тоа е убавината на фудбалот – да ги направиме навивачите среќни“, рече Енрике по победата над Арсенал.

„Нема една единствена причина за успехот. Тоа е резултат на работата што ја работиме секој ден. Мислам дека се снајдовме добро минатата сезона, но тоа не беше доволно. Оваа сезона секој тренинг беше одржан на високо ниво, играчите се трудат исклучително напорно“, додаде Енрике.

„Арсенал ни отежна, но во двата натпревари постигнавме повеќе голови од нив, а тоа е најважното нешто во фудбалот. Беше тежок натпревар за нас, но заслуживме да стигнеме до финалето. Секој сака да ја освои Лигата на шампионите. И ние го сакаме тоа. Ќе се стремиме да го освојуваме турнирот секоја година, тоа е нашата цел“, коментираше Енрике.

ПСЖ ќе игра во финалето против Интер во Минхен на 31 мај.

Слични содржини