Пари Сен Жермен дефинитивно останува без првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе. Младиот Французин сигурно ќе го засили Реал Мадрид, клубот во кој за малку ќе се преселeше минатото лето.
Светците се доминантни во Франција, речиси без конкуренција. Од сезоната 2012/13 само два пати се случило тимот од главниот град да не ја освои титулата – во 2017 година шампион беше Монако, четири години подоцна Лил.
Така, во тој период ПСЖ освои дури девет од вкупно 11 шампионски титули на Франција, колку што вообичаено има на своите витрини. Добар удел во освојувањето на тие трофеи имаше и Килијан Мбапе, кој дојде во првиот тим во 2017 година.
Но, сега ќе следи нова ера за „светците“, без Мбапе во тимот. За тоа е свесен и Луис Енрике, шефот на стручниот штаб, кој во изјава за „Дејли Меил“ го коментираше фактот дека ПСЖ ќе остане без една од најсветлите ѕвезди во светскиот фудбал во моментов.
„ПСЖ ќе има подобар тим кога Килијан ќе си замине од клубот на лето“, кратко изјави Енрике со најава за засилувања во сите линии, офанзивно, дефанзивно, но и тактички.