Енрике радосен по победата над Реал: „Мојот телефон е полн со пораки од навивачите на Барселона“

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Пари Сен Жермен стигна до финалето на Светското клупско првенство по убедливата победа над Реал Мадрид (4:0), и на тој начин ќе се бори за петтиот трофеј во сезоната против Челси, кој претходно беше подобар од Флуминенсе (2:0).

Тренерот на францускиот тим, Луис Енрике, беше горд на своите избраници по натпреварот. Парижаните играа на исклучително високо ниво, а, се чини, најмногу пофалби доби бековскиот тандем Ашраф Хакими и Нуно Мендеш.

„Беше многу тешко да се игра во овие услови против Реал бидејќи жештината беше голема. Чувството е секако фантастично по победата. И двата тима дадоа сè од себе, но на крајот победивме. Заслуживме да бидеме во финалето и многу сум среќен поради тоа“, рече Енрике на прес-конференција.

Усман Дембеле го постигна вториот гол за Парижаните, достигнувајќи до својот 37-ми во сезоната.

„За прв пат се најде во улога на стартер. Тој е играч како никој друг и сè уште е во потрага по својата форма. Тој е најдобриот фудбалер на сезоната, далеку пред сите други и заслужува да освои сè бидејќи даде толку многу за овој тим. Би сакал да го дадам трофејот на целиот тим, но Дембеле е некој што апсолутно ја заслужува „Златната топка.“

Ривал во финалето ќе биде Челси, а тој дуел е закажан за недела во 21 часот.

„Имаме уште еден чекор пред нас, против тим како Челси, кој досега играше добро во натпреварувањето. Сакаме да се опоравиме што е можно повеќе и да напишеме нови страници од историјата, а потоа да се одмориме.“

Навивачите на Барселона постојано му испраќале пораки со поддршка…

„Телефонот ми ѕвони постојано, полн е со пораки од навивачи на Барселона кои ми честитаат за победата. Реал Мадрид беше и секогаш ќе биде одличен клуб. Не се штедевме ниту за момент. На некои играчи им требаше одмор, постоеше ризик од екстремен замор. Затоа мора добро да се подготвиме за финалето, нема запирање во врвниот фудбал“.

За односот помеѓу Пари Сен Жермен и Реал…

„Без оглед на конечниот резултат, ова се два сосема различни проекти. Нашиот постои веќе две години, Чаби започна во Реал пред шест натпревари. Чаби го покажа своето ниво, му треба време да направи сè како што замислил. Немаше време за нешто такво“.

Аршад Хакими и Нуно Мендеш одлично се снаоѓаа од двете страни на теренот.

„Најдобрите дефанзивци во светот! Секој има своја улога, но и двајцата мора да напаѓаат и да се бранат. Јас сум во клуб со силни финансии, можеме да потпишеме добри играчи, но сите се ставаат во служба на тимот. Ашраф е повеќе офанзивен дефанзивец, но може да игра и како централен играч за врска, крило, офанзивен играч за врска… Нуно ни дава мобилност“.

Енрике не очекуваше (баш) ваков вид игра од Парижаните.

„Нашата цел од самиот почеток беше да победиме. Сега сме само на еден натпревар од пишување на историја и освојување на секој турнир на кој учествувал клубот. Задоволство е да се биде тренер на ПСЖ. Не мислевме дека ќе бидеме толку добри и дека ќе го постигнеме сето ова“.

Причината за толку добрите игри?

„Ненадминливиот квалитет и великодушност на моите играчи. Велеа дека немаме лидер, а веќе во јануари постигнавме над 100 гола и сме еден од тимовите што примија најмалку голови. Ова е првиот натпревар во кој го имав Дембеле во добра форма во текот на целиот турнир. Тој е нашиот најдобар играч, оној што најмногу ги одлучува натпреварите“, рече Енрике.

Слични содржини