Шпанија вчера ја победи Италија и се пласираше во финалето на завршниот турнир во Лигата на нации, а селекторот на Шпанија, Луис Енрике не го криеше задоволството на прес -конференцијата.
„Мислам дека ова не е победа што ќе одбележи една генерација, јас не сум толку вообразен. Ова е убава победа бидејќи не носи до финале, тоа е тоа. Италија го собори светскиот рекорд и одигра многу добро, но сега ние бевме тие што одигравме одлично и тоа е тоа. Сега размислуваме за финалето“, рече Енрике по мечот.
Тој го пофали младиот играч од средниот ред на Барселона, Гави, кој дебитираше на само 17 години.
„Тоа беше одличен прв натпревар за него, сите знаевме колку може. Не е нормално тој да игра толку добро на 17 -годишна возраст. Има карактер, одлична физика, го разбира нашиот стил на игра … Јасно е дека тој не е иднината на нашата репрезентација, туку нејзината сегашност“, истакна Шпанецот.