МАНЧЕСТЕР Јунајтед се согласи да го доведе играчот на Ајакс, Ентони. Бразилецот веќе подолго време е на мета на клубот од Манчестер, а бројката која беше доволна за неговата слобода е огромна, сепак тоа го налути тренерот на Ајакс.
Ерик тен Хаг одлично ги знае квалитетите на бразилскиот фудбалер, работеа заедно во Ајакс и од неговата продажба клубот ќе заработи дури 100.000.000 евра, тврди Фабрицио Романо.
Manchester United are ‘confident’ to complete full agreement with Ajax for Antony in the next hours. All parties have agreed on negotiations around €100m fee, now time to structure the deal and get it done. 🚨🔴 #MUFC
Player’s camp also feeling that it’s now more than close. pic.twitter.com/pW6IAazSwP
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 28, 2022
Прашање на време е кога Ентони и официјално ќе биде промовиран во нов играч на Манчестер Јунајтед.
Алфред Шредер, тренерот на Ајакс, е многу тажен поради заминувањето на својот фудбалер, но и поради тоа што во денешно време парите имаат големо влијание врз фудбалот.
Ajax manager Schreuder comments on Antony deal close to being done: “Everything is about money… I think this is sad”, tells @ESPNnl. 🚨⚪️🔴 #MUFC
“But this is our world, it's very sad and I don't approve that these things at all”. @TheEuropeanLad pic.twitter.com/FXd0yzlTqI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 28, 2022
– Сè се врти околу парите. Мислам дека е тажно – рече тој, а потоа додава:
– Но, ова е нашиот свет, многу е тажно и не се согласувам со сите тие работи – рекол Шредер.