Ентони сака да игра за Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони, изразил желба да се пресели во Манчестер Јунајтед ова лето, пишува „Goal“. 22-годишниот Бразилец е една од трансфер целите на менаџерот Ерик тен Хаг, кој сака да го донесе на „Олд Трафорд“. Во моментов, сепак, клубот се уште нема дадено официјална понуда за него.

Јунајтед секако треба да размисли за засилување на нападот, бидејќи ги загубија Единсон Кавани и Џеси Лингард, кои си заминаа како слободни играчи, а се чини дека проблемите на Мејсон Гринвуд нема да се решат лесно и тој исто така останува надвор од составот. Затоа Тен Хаг го сврте вниманието кон Ентони, чии квалитети многу добро ги познава и верува дека може да им биде многу корисен на „црвените ѓаволи“.

Самиот фудбалер има одлични односи со тренерот и тоа е една од главните причини поради кои сака да се пресели на „Олд Трафорд“ за да продолжи да работи со него. Бразилецот играше две сезони со тимот на Ајакс, откако беше купен од Сао Паоло во 2020 година, освојувајќи две титули во Ередивизи и еден Куп на Холандија. За тоа време на 78 натпревари постигна 22 гола и 20 асистенции.

Во моментов пазарната цена на Ентони е околу 35 милиони евра, што не би требало да биде проблем за Манчестер Јунајтед. Сепак, клубот има и резервна опција доколку не успее да преговара за негово вклучување. Се работи за напаѓачот на РБ Лајпциг, Кристофер Нкунку.

Слични содржини