Ентони во дресот на Јунајтед: „Ова е неверојатен момент во мојата кариера“

од Vladimir Zorba
248 прегледи

Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на Ентони од Ајакс, соопштија од клубот.

Пред два дена „црвените ѓаволи“ објавија дека е постигнат договор со холандскиот гигант, а сега зделката и официјално е завршена.

Висината на трансферот не е официјално соопштена, но сигурни извори во светот на фудбалот објавија дека се работи за 95 милиони евра и уште 5 во вид на бонуси.

Ова го прави Ентони вториот најскап играч во историјата на клубот зад Пол Погба.

„Ова е неверојатен момент во мојата кариера. Се приклучувам на еден од најпознатите клубови во светот. Благодарен сум им на сите што веруваа во мене, а особено на моето семејство, на сите мои тренери и соиграчи, бидејќи без нив немаше да стигнам толку далеку. Играњето под водство на Ерик тен Хаг во Ајакс беше совршено за мене и за мојот развој. Неговиот стил на фудбал и тој како тренер го вади најдоброто од мене и возбуден сум поради неговите планови за Манчестер Јунајтед“, изјави Ентони за официјалниот сајт на клубот.

Најверојатно новиот бразилски бисер вечерва ќе се најде во групата на „црвените ѓаволи“ за натпреварот против Лестер.

Слични содржини