Енвер Малиќи заменик-градоначалник на Скопје

од desk2
331 прегледи

Енвер Малиќи е новиот заменик-градоначалник на Скопје.

Како што информираа градските власти за МИА, скопскиот градоначалник Петре Шилегов попладнево го назначил Малиќи, кој е советник во Град Скопје од ДУИ и управител на компанијата „Гемак Трејд“.

– Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон, информира Град Скопје.

Енвер Малиќи е избран за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година, од советничката листа на Демократската унија за интеграција. Тој е долгогодишен стопанственик, сопственик на компанијата „Гемак Трејд“ и хотелот „Парк Хотел и Спа“.