157
Европскиот парламент (ЕП) денеска усвои резолуција со која се бара формирање на специјален меѓународен трибунал за наводни руски злосторства во Украина.
Во резолуцијата пратениците бараат руското политичко и воено раководство да одговара за злосторствата од агресијата врз Украина.
ЕП наведува дека злосторствата извршени од руските сили во Буча, Ирпин и многу други украински градови ја откриваат бруталноста на војната и ја истакнуваат важноста од координирана меѓународна акција за изведување на одговорните пред лицето на правдата според меѓународното право.