ЕП бара воведување санкции против Додик

од Nikola Popovski
353 прегледи

Европскиот парламент повторно повикал на воведување санкции против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и другите „дестабилизирачки актери“ во Босна и Херцеговина, пренесува „Avaz.ba“.

Ова се наведува во Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската унија во 2023 година, која денеска била усвоена со мнозинство гласови.

Сеопфатен сет на реформи

Со таа Резолуција пратениците ја поздравуваат препораката на Европската комисија пристапните преговори со Босна и Херцеговина да бидат отворени веднаш штом ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство.

-Европскиот парламент ги охрабрува политичките лидери во земјата да спроведат сеопфатен пакет реформи, вклучително и изборни реформи, во согласност со одлуките на домашните и меѓународните судови за да се обезбедат принципите на еднаквост и недискриминација за сите граѓани и конститутивни народи, како што е утврдено во нејзиниот устав и со многу усогласеност со пресудите на домашните и меѓународните судови, вклучувајќи ги и сите пресуди на Европскиот суд за човекови права во врска со Босна и Херцеговина, се наведува во Резолуцијата.

Сецесионистичка реторика

-Европскиот парламент најостро ја осудува сета поделена и сецесионистичка реторика која дополнително придонесува за поголема ранливост на земјата и нагласува дека статусот на земја кандидат е можност и обврска на избраните претставници на БиХ да ги исполнат очекувањата на граѓаните и да ги подобрат секојдневниот живот на обичните луѓе, се додава во втората, комплементарна резолуција за надворешната и одбранбената политика, која исто така била усвоена.

Европските пратеници во неа го поздравуваат договорот за продолжување на мандатот на силите на ЕУ во операцијата Алтеа, укажуваат на претходната поддршка на ЕУ од 20 милиони евра од Европскиот инструмент за мировна помош за поддршка на градењето капацитети на вооружените сили на Босна и Херцеговина, повикуваат на зајакнување на мисијата Алтеа „првенствено со распоредување дополнителни единици и ресурси и со обезбедување веродостојно присуство во областа Брчко“ и ги повикуваат властите во земјата да работат на формирање мултиетнички единици на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Парламентот на ЕУ наведува дека Косово, како и дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ, е „загрозен од дестабилизација“ и потсетува дека операцијата ЕУФОР/Алтеа има „клучна улога за безбедноста и стабилноста на Босна и Херцеговина и регионот“.

Слични содржини