ЕП: Македонија може да се приближи до членство во ЕУ, но треба да дејствува

од Nikola Popovski
167 прегледи

Европскиот парламент во објава на своите официјални профили на социјалните мрежи, порачува дека Македонија може да се приближи до членство во ЕУ, но потребно е да дејствува.

-Парламентот целосно ја поддржува посветеноста на Северна Македонија за пристапување во ЕУ и ја поздравува нејзината амбициозна реформска агенда. Потребни се силни реформи, вклучително и уставни измени и антикорупциска политика, за да продолжи патот на земјата кон ЕУ.

 

Мешањето на Русија и Кина и кампањите за дезинформации се вообичаени во Западен Балкан, додаваат европратениците, стои во пораката од ЕП.

ЕП е длабоко загрижен што Македонија и другите земји-пристапнички кон ЕУ од Западен Балкан се особено тешко погодени од странско мешање и кампањи за дезинформации. Исто така, во Извештајот за Македонија за напредокот на земјава кон членство во ЕУ, усвоен пред неколку дена, се нотираат улогите на унгарската Влада и српската Влада во унапредувањето на геополитичките цели на Кина и Русија.

Извештајот за Македонија на известувачот Томас Вајц, без термините македонски јазик и идентитет во него, беше усвоен со 461 глас „за“, 121 „против“, а 107 „воздржани“.