ЕП започна постапка за одземање на имунитетот на Марин Ле Пен

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Европскиот парламент започна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Марин Ле Пен.

Европскиот парламент започна постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на лидерката на француската партија “Национален фронт” и претендентка за претседателската функција во Франција Марин Ле Пен. Според Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) некои помошници на Ле Пен биле назначени фиктивно на европска служба, а  во тоа време продолжиле да ги извршуваат своите должности и кон “Национален фронт”. Во врска со тоа лидерот на партијата треба да врати сума од 340 000 евра, исплатени порано на нејзините соработници. Досега на двајца поранешни помошници на Ле Пен им  се покренати обвиненија за проневера на имот. На 14 април овој месец француските истражни власти упатија прашалник до Европскиот парламент за лишување на кандидат-претседателот и пратеникот  Мари-Кристин Бутоние од пратеничкиот имунитет. / АФП