Ејпл со 40 милиони претплатници на својот сервис за емитување музика

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Ејпл Мјузик одделението на американскиот гигант Ејпл денеска соопшти дека ја достигнало бројката од 48 милиони претплатници на сервисот за емитување на музика и видео спотови.

Ејпл воедно соопшти дека Оливер Шусер, кој во изминатите 14 години држеше разни позиции низ компанијата, ќе биде потпретседател на компанијата задолжен за Епл Мјузик.

Ејпл е во трка со Спотифај за музичкиот пазар. Спотифај има 71 милиони претплатници, од кои дел се само регистрирани со компанијата. Епл Мјузик, пак, соопшти дека од регистрираните 48 милиони претплатници, 40 милиони се активни, односно плаќаат за услугата. Двете компании нудат претплата од 9 долари и 99 центи месечно.