213
Ракометарите на Хрватска се први финалисти на Европското првенство откако по голема борба и две продолженија ја совладаа Норвешка со 29-28.
Херој на Хрватите беше Жељко Муса кој постигна гол на пет секунди до крајот.
Домагој Дувњак со 8 гола беше најдобар во редовите на „коцкестите“, а залудни беа 10 гола на Сандер Сагосен кај Норвежаните.
Во финалето Хрватска за титулата ќе се бори во недела против подобриот од второто полуфинале меѓу Шпанија и Словенија.