„Ер Србија“ и „Туркиш ерлајнс“ воспоставуваат соработка за летовите до Јужна Америка

од Vladimir Zorba

Националните авиопревозници на Србија и Турција, „Ер Србија“ и „Туркиш ерлајнс“ ја подобрија соработката со заеднички кодови со додавање маркетиншки шифри на дополнителни дестинации во рамките на нивните мрежи, со што овозможија присуство на маркетинг кодот на „Ер Србија“ на јужноамериканскиот пазар за прв пат, соопшти денеска „Ер Србија“.

Како што е наведено, со воведувањето на новите директни линии меѓу Белград и Измир, двете авиокомпании ги поставија своите шифри на дополнителни летови до Турција, вклучително и маркетинг со „Туркиш ерлајнс“ на новата директна линија на „Ер Србија“ меѓу Белград и Анкара.

Српската национална авиокомпанија го додаде својот код „ЈУ“ на летовите на „Туркиш ерлајнс“ меѓу Истанбул и Сао Паоло, со што за првпат овозможи присуство на маркетиншкиот код на „Ер Србија“ на јужноамериканскиот пазар, како и летовите на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул до Алмати и Абу Даби.

Слични содржини