„Ер Србија“ полета со македонските граѓани од Израел, меѓу патниците и три бебиња

од Nikola Popovski
389 прегледи

Авио-компанијата „Ер Србија“ ги евакуирала граѓаните на Македонија, кои го контактираа нашето МНР со цел да бидат извлечени од Израел.

Како што пишуваат српските медиуми, во авионот на „Ер Србија“ има вкупно 133 патници, од кои повеќето се македонски државјани, но има и државјани на Србија и Црна Гора, кои ќе го продолжат патувањето од Скопје до Белград и Подгорица. Се додава дека во авионот има и три бебиња.

– Пристигна и последниот патник во авионот. Ви посакувам се најдобро и ве поздравувам од амбасадите на Србија и Северна Македонија, конзулатот на Црна Гора и амбасадата на Албанија, од моите драги колеги кои организираа се. Прво летаме за Скопје, па за Белград. Чувајте се и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро, изјавил Душан Вујовиќ, вршител на должноста во Амбасадата на Србија во Израел.

Полетувањето на авионот од Тел Авив, српските патници го дочекале со извикување на слоганот „Да живее Србија“.

Трошоците за летот ги сноси македонската Влада, која вчера објави соопштение со оваа информација.

Слични содржини