Ердоган ја поздрави одлуката на Русија да ги повлече војниците од Херсон

од Stefanija Kuzmanovska
129 прегледи

Одлуката на Русија да ги повлече војниците од околината на градот Херсон во јужна Украина е позитивен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган одговараше на прашање за изгледите за разговори меѓу Москва и Киев на прес-конференција пред да замине во посета на Узбекистан.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во средата им нареди на своите сили, соочени со украинските напади во близина на јужниот украински град Херсон, да се повлечат од западниот брег на реката Дњепар.

Објавата на рускиот министер би претставувала едно од најзначајните руски повлекувања и потенцијална пресвртница во војната што трае речиси девет месеци, пренесува „Ројтерс“.

Одлуката на Русија уследи по неколкунеделниот напредок на Украина во градот и напорите на Русија да евакуира над 100.000 жители на Херсон.

Слични содржини