Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја информираше шведската премиерка Магдалена Андерсон дека Анкара очекува конкретни чекори поради поврзаноста на земјата со терористичките организации.
Во телефонскиот разговор Ердоган додаде дека треба да се укине ембаргото за извоз на оружје воведено кон Турција, кое Шведска го поддржа по влегувањето на турската армија во Сирија во 2019 година, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на агенцијата Анадолија.
Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО на 18 мај оваа година.
Турција ги изненади сојузниците во НАТО минатата недела со тоа што се спротивстави на приемот на двете земји во организацијата, но западните лидери изразија уверување дека приговорите на Анкара нема да бидат пречка за тоа да се постигне.
Анкара тврди дека Шведска и Финска ја поддржуваат милитантната група на Курдистанската работничка партија (ПКК) и следбениците на Фетулах Ѓулен, кога го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар во Турција во 2016 година, наведува британската агенција.