Ердоган: До мир во Украина преку дипломатски напори

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Праведен мир во Украина може да се воспостави со дипломатски напори, изјави денеска во Астана турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган на Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија.

Ердоган нагласи дека целта на Турција во руско-украинскиот конфликт е „да ги зачува постигнатите поттикнувања, и покрај локалните тешкотии, и да го запре крвопролевањето што е можно поскоро“.

„Отсекогаш сум велел дека праведен мир може да се постигне преку дипломатија, а нашите интензивни напори за елиминирање на последиците од конфликтот добија признание низ целиот свет. Размената на затвореници минатиот месец е посебно достигнување во таа насока“, рече турскиот претседател.

Слични содржини