Ердоган: Должност е на целото човештво да го запре Израел

од Nikola Popovski
159 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека неговата земја ќе ги поддржи Палестинците во Ерусалим исто толку одлучно како што беше случајот за време на ослободувањето на азербејџанските окупирани земји во Нагорно Карабах.

„Ние сме ужасно лути поради фактот на угнетување од страна на терористичката држава Израел. Тие ги преминаа сите граници. Должност на целото човештво е да ги запре“, рекол турскиот лидер.

Тој истакнал дека конфликтот не може да се реши без учество на ООН.

Ердоган исто така изјавил дека веќе разговарал за конфликтот со шефовите на 19 земји.