Турската лира ја затвори трговската сесија во понеделникот со раст од над 20 отсто, откако претседателот Тајип Ердоган најави серија мерки за кои рече дека ќе го ублажат ударот врз граѓаните од ослабената национална валута, истовремено ветувајќи дека ќе води политика со ниски каматни стапки.
Лирата, која во текот на денот падна за повеќе од 10 отсто на 18,4 лири за долар, реагираа на најавата на Ердоган со скок од 25 отсто на дневна основа на 13,15 лири за долар.
Ова е досега најголемиот опсег на дневни промени на девизниот курс во текот на еден трговски ден, пренесува Ројтерс.