237
Европската унија ќе го одолговлече пристапувањето на Украина и Молдавија во тој блок, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган и изјави дека Турција одамна заслужила да стане членка на ЕУ и дека тоа не се случило од „политички причини“.
„Давањето кандидатски статус на Украина и Молдавија не значи дека тие ќе станат членки на ЕУ. Процесот ќе започне со нив, но ќе се одолговлече. Не е во ред што Турција, која е поподготвена за влез во ЕУ од некои земји-членки, со години чека пред вратата поради политички пречки“, рече Ердоган, пренесе „Ројтерс“.
Тој посочи дека Турција има кандидатски статус од 2005 година, но се уште не е примена во ЕУ.