Ердоган: Геноцидот во Газа добива сериозни димензии

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Во обраќањето до нацијата по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека месецот Рамазан во Турција поминува со чувство на горчина поради израелскиот геноцид во Појасот Газа, кој „достига посериозна димензија“, објавија денеска турските медиуми.

„Како Турција, ние јасно ја изразуваме нашата позиција против оваа бруталност на Израел и се обидуваме да им помогнеме на нашите браќа да си ги залечат раните. Нема да попуштиме пред оние кои сакаат да го саботираат зачувувањето на територијалниот интегритет на Сирија и да продолжат да шират нестабилност на нашите јужни граници“, рече Ердоган, пренесе АА.

Зборувајќи за ситуацијата во Турција, Ердоган рече дека работата на проектот „Турција без тероризам“ продолжува, посочувајќи дека глобалната, регионалната и внатрешната динамика даваат подобри можности од кога било досега за успешно завршување на овој процес.

Слични содржини