Ердоган ги осуди расистичките навреди кон играчот на Башакшехир

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најостро ги осуди расните навреди што четвртиот судија на мечот во Париз ги испрати до член на стручниот штаб на Башакшехир, поради што беше прекинат натпреварот од Лигата на шампионите и ја повика Европската фудбалска централа (УЕФА) да интервенира.

Натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и турски Башакшехир беше прекинат вечерва во 14-та минута, кога четвртиот судија расно го навреди членот на турската екипа Пјер Вебо. Во невиден настан во Лигата на шампионите, играчите на двата тима потоа го напуштија теренот. Натпреварот беше прекинат при резултат 0:0.

„Јас силно ги осудувам расистичките навреди упатени кон Пјер Вебо, член на стручниот штаб на Башакшехир и убеден сум дека УЕФА ќе ги преземе неопходните мерки. Безусловно се спротивставуваме на расизмот и дискриминацијата во спортот и во сите сфери на животот“, рече Ердоган на Твитер.

Турскиот клуб изјави дека четвртиот судија го нарекол Пјер Вебо „црнец“, а по протестот на Камерунецот, главниот судија го избрка.