Ердоган ги покани Путин и Зеленски да се сретнат во Турција

од Берта Китинска
196 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека планира во наредните денови да има телефонски разговори со рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Владимир Зеленски, додавајќи дека се надева оти повиците би можеле да доведат до нивна средба во Турција за да се стави крај на руско-украинскиот конфликт.

„Со поканите планираме да го подигнеме процесот во Истанбул на ниво на претседателот“, рече Ердоган, пренесува Ројтерс.

Членката на НАТО Турција дели поморска граница со Украина и Русија, одржува добри врски со тие земји и презеде посредничка улога во нивниот дијалог, пишува Ројтерс.